АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кој изјавува дека се’ е оправдано не е за оправдување.

x

Вазали можат само туѓа власт да спроведуваат.

x

На писателот не може да му се кажува што да пишува.

x

Пат не се прави попатно.

x

Кој многу лае нема долго да трае.

x

Кај нас не се тргува со органи туку со луѓе…

x

Кога се зборува во име на народот ќе треба ли да се каже и кој е тој?

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading