ПРИВЕДЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ КОЈ НА КОЛЕДЕ ПУКАЛ СО ПИШТОЛ

Полицијата изврши претрес во Прилеп, пронајден е пиштол, а приведено е едно лице.

Бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм.

На 13.03.2023 во 07.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп лишиле од слобода 42-годишен прилепчанец.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм. По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок информираат од МВР.

Loading