Две возила биле опожарени утрово на ул.„Цане Илиоски“.

Околу 4.30 часот во Полициската станица било пријавено дека настанал пожар во патничките возила „сеат кордоба“ и „БМВ“, сопственост на 68-годишен и 48 годишен прилепчанец. Двете возила се со прилепски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема, информираат од СВР Битола.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.