Околу 50тина сообраќајни знаци се украдени во прилепско. Од магистралниот пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионалниот пат Прилеп – Крушево биле одземени 11 знаци.

Од СВР Битола информираат дека вчера во 14 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од октомври 2022 година до 3март 2023 од магистрален пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп-Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионален пат Прилеп – Крушево биле одземени 11 знаци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.