ВО ЕДЕН ДЕН – ДВЕ ЖЕНИ ПРИЈАВИЛЕ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Две пријави за семејно насилство пристигнале вчера во полицијата. За физички напад врз сопругата е привeден прилепчанец, а во другиот случај семејно насилство пријавила вонбрачна сопруга.

Лишен од слобода насилникот

Како што информираат од СВР Битола, на 6 март во 15 часот во Прилеп, полициски службеници лишиле од слобода 44-годишен прилепчанец затоа што околу 13 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. По целосно докумeнтирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истоа така вчера, но во 19 часот во полиција, 32 – годишна жена од Прилеп пријавила дека претходниот ден, на 5 март во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.

Вонбрачна сопруга пријавила насилство во домот

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading