АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Нема скок со молк.

Х

Твојата нива не дозволувај друг да ја ора.

Х

Кој е умерен тој е примерен.

Х

Стави прст на чело додека некој ни стави нешто друго.

Х

Уздите треба постојано да се држат за да се помине низ животот.

Х

Кој не го бива за сегашноста со полна злоба ќе се обиде да го користи минатото.

Х

Однесувај се мудро иако не си мудрец.

“Д­р Хаџи­Васков”

Loading