МАТ: МИТРЕ, АЛЕКСАНДАР, ТАНЕ

Шах

Мат во шаховската игра е ползата од завршниот потег, а врз него е идејата за додавката МАТ која влезе во името на големиот брзопотезен шаховски меморијален турнир “Прилеп опен” во СОУ “Орде Чопела”. Всушност, МАТ произлезе од почетните букви на тројца починати великани на прилепскиот шах:  Митре Џајковски, Александар Тодороски и Тане Дулев, за чиј спомен е настанот. На турнирот, пријавен во ФИДЕ, учествуваа 120 шахисти од цела Македонија. По 9 одиграни кола по Швајцарски систем, победи 18-годишниот фидемајстор Емил Ристески со 7,5 поена.

Најдобропласираниот прилепчанец, шестиот Дејан Ѓорѓиески, освои 7 поена.

Loading