АМКАЊЕ ЈАЈЦЕ

Старата слика потсетува за амкањето на Поклади, кој се слави шест недели пред Велигден. Покрај простувањето за Прочка и посетата на младите кај повозрасните роднини, стариот адет сé помалку се пренесува од генерација на генерација и исчезнува низ татнежот на времето. Амкањето варено, а нелупено јајце, врзано на конец и стап е обичај негуван со години. Децата се обидувале без помош на рацете да го фатат јајцето со усните кое се нишало од најстариот член во фамилијата. Амкањето било следено со весели зацрвени лица на децата, кои вложувале  напори, некогаш и илаџиски марифети, само да успеат да го стават јајцето во устата. Зашто се верува дека оној кој ќе успее да го фати јајцето, ќе биде следен со многу среќа во пролетта што следи и целата година.

Амкањето се правело на вечер. Се собирало семејство по целодневните прошетки со сурати и маски по роднините и комшиите и по испраќањето на блиските од визитите за простување и се амкало.

Loading