ШАХОВСКА ПОЕЗИЈА

Шах

Фидемајсторот Роберт Велески беше дел од интересен натпревар во решавање на шаховски композиции, одржан во Скопје. Стигна до висок пласман во најтешката, прва категорија, каде е на делба на 2. и 3. место со Николче Филипов, за решавачи од Македонија. Се решаваа матови во два, три, четири или повеќе потега, шаховски студии, помошни матови и самоматови.

– Се работи за едни од најтешките задачи за решавање, најдобри композиции за двапати по 120 минути, со одмор од 30 минути меѓу двата круга. Шахистите ова го нарекуваме ,”шаховска поезија”- вели Велески.

На натпреварот во оваа најтешка категорија, македонски победник е ФМ Зоран Стојчевски, а на светско ниво меѓу 164 шахисти каде Велески е 139-ти, победник е велемајсторот Офер Комај од Израел.

Loading