ЛЕБЛЕБИИТЕ СЕ НАЈЕВТИН ИЗВОР НА БИЛНИ ПРОТЕИНИ

Леблебијата е уживање во изобилството од хранливи состојки, без разлика дали е свежа или печена. Може да се јаде како леќа, грашок или грав. Таа е евтин извор на протени, бројни минерали и витамини. Таа е одличен додаток на салатите. Може да биде замена на белката од јајцето. Постои брашно од леблебии, тестенини… Мешунката е полна со билни протеини, влакна и антиоксиданси. Телото обезбедува мноштво бенефити со редовна исхрана. Таа е богат извор на протеини. Од една чаша варена леблебија се доби ваат 269 кал., 15 гр. протеини, 4 гр. масти, 45 гр. јаглехидрати, 13 гр. влакна и разни витамини и минерали. Влакната се драгоцени, оти даваат чувство на ситост. Добри се за холестеролот и го чуваат здравјето на цревата. Му помагаат на дигестивниот тракт, спречува запек и го отстрануваат отпадот од телото. Помага во борбата против таложењето на холестерол во артериите и го намалува ризикот од срцев, мозочен удар и висок притисок. Храната богата со протеини и влакна, овозможува долготрајна заштита и контрола на телесната тежина. Извор е на алфа-линоленска киселина, вид на омега-3 масна киселина од билно потекло, за подигање на ,,добриот,, холестерол. Со консумација паѓаат триглицеридите и притисокот. Одличен е извор на цинк, бакар, железо и манган. Цинкот е одбрана за телото од токсини кои го загрозуваат имунитетот. Бакарот и железото по магаат во формирањето на црвените крвни зрнца, а манганот е корисен за контрола на шеќерот. Леблебијата е јаткасто растение одлично во медитерански салати со сув домат и карфиол, кељ, маслинки, фета сирење. Варената се додава во смути или сечкана во салата. Печената се додава како украс во разни кремасти чорби и потаж. Леблебијата е древна храна од суптропските и умерено континенталните зони. Била одгледувана во древната Месопотамија пред 7.500 години. Се одгледува во Европа, Африка, Авганистан и Чиле. Се среќава и во Северна Америка. Се продава конзервирана,сурова или како хумус.

Loading