10 ПРОДУКТИ ПОЛНИ СО ЦИНК

Цинкот во храната го забавува оксидативниот процес, помага во заздравување на раните, формирањето на хемоглобинот и уште многу други процеси. Симптомите на недостаток се чести настинки и слаб имунитет, чест пролив, слаб вид, неплодност, истенчена коса, а кај децата забавен раст и нарушена моторика. Најризични групи се вегетеријанците, бремените жени, атлетите од кои се бара голема издржливост, алкохоличарите и луѓе кои претеруваат со земање на суплементи со железо. Се препорачува дневен внес од 15 мг. Најбогата храна со цинк е говедското месо, кефирот или јогуртот, јагнешкото месо, леблебијата, семките од тиква, индиските ореви, какаото, пилешкото месо, печурките и спанаќот. Бенефити од цинкот се здрави очи, зашто е неопходен витаминот А да се трансформира во активна форма и да функционира нашиот вид. Луѓето кои земаат суплементи со цинк имаат 80 отсто помала можност да пројават слабости на очите. На организмот му е потребен цинк да ги активират клетките, кои имаат критична важност за функционирање на имунолошкиот систем, односно да се произведат нови клетки кога ќе биде потребно. Овој елемент ги зацелува раните и влијае на отсуството на акни на лицето. Или цинкот има голема улога во здравјето на кожата. Недостатокот на цинк ја влошува подвижноста и бројот на сперматозоидите кај мажите. Важен е и за простатата. Може да помогне и за превенција на рак на простата.

Loading