Изложба во галеријата при ДЛУП
“Патување” е втора самостојна изложба на Филип Јовески, што ќе биде отворена утре во 11 часот во галерија Аче при ДЛУП. До 4 фебруари ќе бидат поставени дела во комбинирана техника, работени во 2022/23 година.
Изложбата е нарација низ линија и форма, приказна низ дводимензионални и тродимензионални истражувања и патување, раскажано преку интерпретација на едни фантастични предели, поинакви од овие нашите, сепак толку блиски. И овајпат во делата јасно се одразуваат и меѓусебно испреплетуваат двата аспекти од творештвото: архитектурата и уметноста.

Изложбата на Јовески “Боите на мојот град” ја видоа кавадарчани.
Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Проектирал повеќе објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби, како и на сликарски и вајарски колонии и интердисциплинарни уметнички проекти. Член е на ДЛУП.
Последните години, освен како архитект, е дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.