Дојде Новата Година, ама не е познато дали сите си дојдоа на себе од она што им се случуваше минатата година
x
Внедрете во себе убава мисла да ви ја грее душата како јасното Сонце
x
Животот тече како вода, за некого бистра и питка, за некого матна и загадена
x
Кога секој оди на своја страна може секоја да е грешна
x
Сеуште има такви кои ветуваат дека фундаментот функционира од кровот
x
Борбата против корупцијата не може да се води во ракавици
x
Дефектни не може да зборуваат за дефектите во општеството
Д-р Хаџи-Васков