ОДЛИЧНИ ВО ЛЕРИН

Шах

Прилепските шахисти оставија убав впечаток во Лерин, Грција, на брзопотезниот турнир. Учствуваа 20 шахисти – 10 од Грција и 10 од Македонија. По 9 одиграни кола, Дејан Ѓорѓиески го освои 2. место. Имаше само 1 пораз, 5 реми и 3 победи. Уште двајца прилепчани имаа висок пласман – петтиот Кире Николоски и шестиот ИМ Тони Кироски.

Останува уште завршниот турнир од серијата Гран-при.

Loading