ДВЕ БРОНЗИ ЗА НАДЕЖИТЕ

Пинг-понг

Младинската екипа на ППК Младост 96 зеде два медала од традиционалниот турнир Трофеј на Подгорица. Давид Јоноски и Васе Богоеска освоија трети места во своите категории – до 12 и до 19 години. Пионерот извојува три победи и уште две во елиминациите. Во полуфиналето е поразен. Младинката беше на дофат и до вториот медал, во сениорска конкуренција, каде за влез во полуфиналето загуби од Црногорка.

Loading