ДВЕ ПОБЕДИ ЗА КРАЈ

Ракомет

Тешка есенска полусезона, но убав завршеток за прилепските ракометни екипи.  На последните натпревари постигнати се две победи.

Машката екипа на Прилеп забележа триумф од 29:27 во Куманово, во 14 рунда од А-групата на Супер лигата. Давор Шокоски постигна 7 гола, Пеце Ѓорѓиески 6. Со новите три бода Прилеп има 13 и е на 6. место, над неготински Вардар и Куманово. По одморот следат уште 14 меча во плеј-аутот, каде борбата за опстанок е со Голден арт, Скопје, Јуниор КВ (трите од Скопје), Струга, Куманово, Радовиш, Вардар (Неготино). Треба да се избегнат 8. и 7. место кои водат ранг подолу, како и 6. кое значи бараж.

Успех на женската екипа Деспина. Во 13. рунда на Б- групата од женската Супер лига, дома со 28:23 го совлади штипски Астибо. Михаела Петреска даде 7 гола, Ангела Камческа и Адела Еленин по 6. Со овие три бода Деспина има 9, и на табелата е над скопски Кузман Вардар, а се израмни со Астибо на 5. место. Викендов е последното 14. коло, во кое прилепскиот тим е слободен.

Наредните ракометни возбудувања се во февруари.

Loading