ПРИЛЕП ВИЦЕШАМПИОН

Шах

Екипата Прилеп е втора, веднаш зад шампионот Алкалоид од Скопје, на шаховското машко Државно екипно првенство на Македонија, одржано во Струга. Освоени се 11 бода, преку победите од по 5:1 врз Стево Патако од Битола и Анпасан од Шипковица, 3,5:2,5 со Куманово и Фишер од Куманово, 4:2 со Гамбит од Скопје. Единствениот пораз е од Алкалоид со 2:4, а реми на крајот 3:3 со Гостивар. Освојувањето на второто место е највисокиот пласман на Прилеп.

Шахот е меѓу мајпопуларните спортови во Прилеп. Во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се одржа ученички турнир, на кој победи Андреј Недески со 8 поени од 9 партии, пред Леонид Грашкоски со 8, Александар Николоски и Андреј Галески по 6, а беа 24 учесници.

Loading