МЛАДОСТ 96 ГО ДЕЛИ ВРВОТ

Пинг-понг

Во пингпонгарската машка Супер лига, вицешампионот Младост 96 се врати на колосек, по неочекуваниот пораз со 4:1 од Телеком нец 2 од Скопје. По ова наредени се само победи, последните со Шампион ФА од Штип со 4:0 и со Рисови од Скопје со 4:0. Прилепскиот тим го дели врвот од табелата со скопски Телеком нец 2, со по 13 бода.

Вториот прилепски суперлигаш, Младост, е на 8. место со 7 бода, по поразите, со 4:3 од Берово, со 4:1 од Шампиони ФА.

Супер лигата продолжува на 13 ноември.

Loading