Кога други сметаат на твојот глас внимавај каде го употребуваш.
x
Кога си во цајтнот во шахот може да ја изгубиш само партијата. Кога политичарите се во цајтнот може да загуби целиот народ.
x
Износените алишта се фрлаат, а износените политичари?
x
Од фотелја тешко се оди на обвинителна клупа.
x
На корумпирани и безнадежно неспособни не дозволувајте им да водат држава.
x
Оној што те октроира нема намера да те спасува…
x
И малата искра предизвикува голем пожар.
“Д-р Хаџи-Васков”