ТРИ ПОБЕДИ НА ПРИЛЕП

Пинг-понг

Обновениот клуб Прилеп постигна уште две победи во машката пингпонгарска Втора лига. По триумфот од 4:1 врз битолски Пелистер, следеа уште два, 4:0 со Саса и 4:1 со Хепи од Кочани, двата во Каменица. Прилепскиот состав е Рубинчо Ристески, Бојан Базеркоски и Александар Штаргоски. Следен ривал е Студент од Скопје.

Во машката Супер лига, вицешампионот Младост 96 неочекувано, со 4:1 загуби од Телеком нец 2 од Скопје, а со 4:1 го совлада Кочани. Тимот Младост со 4:1 ја совлада Крива Паланка, а со 4:3 загуби од Телеком нец 2.

Loading