ПРИЛЕП КОН ВТОРОТО МЕСТО

Шах

Доцна синоќа во Струга заврши шаховското машко Државно екипно првенство на Македонија, Екипата Прилеп одигра одлично на првите 5 рунди. Прво со по 5:1 ги совлада Стево Патако од Битола и Анпасан од Шипковица, а со 3,5:2,5 Куманово. Следеше пораз од шампионот Алкалоид од Скопје со 4:2, што е силен отпор. Потоа, во најзначајното дерби, со 3,5:2,5 е совладан кандидатот за второто место, Гамбит од Скопје. Останаа уште два меча, со Фишер од Куманово и со Гостивар, на кои се очекуваа победи. Освојувањето на второто место е највисокиот пласман на Прилеп, воопшто.

Прилеп ги има овие шахисти: Србите ВМ Бобан Богосављевиќ, ВМ Никола Седлак, ВМ Мирослав Миљковиќ, скопјанецот ИМ Дејан Стојановски, прилепчаните ИМ Тони Кироски, ФМ Славе Трајкоски, Кире Николоски, како и Исмаил Ахмеди, Васко Дамески, Симон Пазевски.

Loading