СЕДУМ СЕТА НА 50 ОДБОЈКАРИ

Спорт за празникот

За празникот 11 Октомври во салата од СОУ ,,Ѓорче Петров,, цел ден беа одбојкарски мечеви на турнирот од клубот 11 Октомври. Околу 50 гледачи видоа седум сета на околу 50 одбојкари и одбојкарки. Кадетките на 11 Октомври 2008 со 2:1 беа подобри од 11 Октомври. Ветераните на Синалко од Крушево со 2:0 го совладаа 11 Октомври, а Струмица овие екипи ги победи со по 1:0. Потоа имаше дружба до вечерта.

На третиот по ред шаховски Аматерски блиц-турнир од ШК Прилеп, победи Леонид Грашкоски со 6 поени од 9 партии, а на десеттиот турнир од серијата Гран-при, најдобар е Горан Готовуша со 8 поени од 11 партии.

Во салата од СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, се одржа Меѓународен турнир ,,Прилеп град херој – Цевитана куп,, од ЏК Сеишин. Во преполната сала  најуспешни беа гостите од Грција.

На игралиштето кај Могилата имаше Светски куп во трка со дронови од клубот Фил феникс. Меѓу 21 учесник, победник е претставник на Турција.

Се одржа и турнир во стрелаштво, по 39. пат ,,Опен 11 Октомври,, од клубот Херој Прилеп, на кој со воздушна пушка најдобар е Бојан Спасеноски (Охрид) со 415,4 круга, пред Ирина Јованоска (Х. Прилеп) со 411,4. Со пиштол победи Сашо Тодоров (Х. Прилеп) со 360, пред Вероника Велковска (Стрелец, Скопје) со 358 и Маја Чешелкоска (Х. Прилеп) со 356.

Loading