ДЕРБИ: П. ГУЛИ – Г. КОЊАРИ

Трета

Веќе се наѕираат фаворитите за првото место во фудбалската Трета лига – Југ. Меѓу нив се крушевски Питу Гули и Големо Коњари. Дуелот е в недела. Домаќинот досега освои 13 бода, а гостинот три повеќе, 16. Во претходното коло крушевчаните загубија со 4:0 од Вардар во Неготино, а големокоњарците со 4:0 го совладаа Обршани. Во ова коло Вардар му гостува на Росоман.

Вардар води на табелата со максимални 18 бода, пред Г. Коњари и П. Гули.

Loading