По повод 11 Октомври
Традиционално, за празникот 11 Октомври, се одржуваат спортски натпревари. Од шаховските настани, в сабота е третиот аматерски блиц-турнир, в недела десеттиот турнир од серијата Гран-при. Двата се во ШК Прилеп во Старата чаршија. В недела има и џудо. Во салата од СОУ ,, Ричко,, е меѓународниот турнир “Прилеп – град херој – Цевитана куп”, организиран од ЏК Сеишин. Турнирот е со традиција од 12 години. Борбите за медали се во три возрасни категории: помлади пионери, пионери и кадети.
Спорт има и вторник, на празничниот ден. Во салата од СОУ ,,Ѓорче Петров,, е одбојкарскиот турнир во две категории – ветерани и кадетки. Организатор е клубот 11 Октомври.