ПЕШТЕРИТЕ СТАНУВААТ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

Меѓу Спелеолошката федерација на Македонија чиј претседател е прилепчанецот Дарко Неданоски и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од Љупчо Јаневски, потпишан е меморандум за соработка на повеќе полиња од кои и за ИПА меѓуграничната соработка за ставање на спелеологијата во фунција на туристичката понуда.

Опфатена е валоризација и мапирање на сите пештери во Македонија, обуку на водичи, според светски стандарди за туристичка намена, заштита на пештерите и нивна пристапност, патно и туристичко означување и промоција на  пештерите како туристички производ.

Loading