БУТЕЛ ПА ПАУЗА

Ракомет

Претстои 6. рунда од А-групата на машката ракометна Супер лига. Вечерва екипата на Прилеп е гостин на Бутел во Скопје. Домашниот тим е фаворит, со оглед на покажаното во последниве неколку сезони, а и есенва. Овој тим има 4 победи и само 1 пораз, од шампионот Вардар. Но и прилепскиот тим врза два успеха, прво ремито во Струга, потоа победата од 22:18 дома над Вардар од Неготино. Се истакнаа голманот Стефан Христоски со 22 одбрани, Давор Шокоски со 6 гола, Христи Бикоски со 5. По дуелот со Бутел, следи пауза до 22 октомври.

Женскиот тим Деспина, по првата есенска победа од 31:22 дома со скопски Кузман Вардар, викендов во Свети Николе е гостин на Овче Поле.

Loading