Нема време за левица, па десница, туку само директ.
x
Од маќеата не може да го добиете мајчиниот јазик.
x
Меѓу луѓето се гнездат се’ повеќе – нелуѓе.
x
Секојдневните настани нека бидат подоцна, убави спомени.
x
Без добро пешачење нема одење напред во животот.
x
Кога секој се бори за сопствени интереси никој нема право да се бори за туѓи.
x
Многу диреци пречат во животот, а не само оние без стативите.
“Д-р Хаџи-Васков”