АВАНТУРА  СО ТЕРЕНСКИ ВОЗИЛА

Петмина прилепчани, заробеници во авантуристичкото возење на теренски фризирани возила, учествуваа на тридневните натпревари, Балкан Хироу на Стара Планина кај Књажевац во Србија.

Меѓу стотината учесници од земјата домаќин, од Бугарија и од Босна и Херцеговина, прилепчаните, браќата Петар и Игор Трајкоски, Владимир Милошески – Лало, Панчо Чупаркоски и Љупчо Перканоски, во различни категории, ги демонстрираа вештините во возењето низ каливи терени и патишта, надолнини и нагорнини, “биејќи мегдан” со колегите од Балканот.

Со своите силни теренци, налик на вселенски возила, ем се бореа со непредвиливата приода, ем ја задоволија страста да ја победат не само дивината, туку и да ги поразат ривалите.    

Loading