В НЕДЕЛА Е СТАРТОТ

Трета

Новото првенство од Третата фудбалска лига – Југ почнува в недела. Според распоредот, во 1. рунда минатогодишниот првак Вардар од Неготино гостува во Марена. Вториот од тогашната табела, велешки Превалец, дома игра со бившиот второлигаш Локомотива од Градско.

Претставници од ОФС Прилеп има седум. Тимот на Големо Коњари дома игра со Бучин, Младост во Кривогаштани со Слога од Лажани, Обршани со крушевски Питу Гули. Новиот третолигаш Канатларци пред својата публика ќе се сретне со поранешмиот второлигаш Росоман.

Меѓу 12 тима го нема минатогодишниот второлигаш Братство од Житоше.

Loading