УШТЕ ОСУМ ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ

Жени

Долг беше летниот одмор, па со нетрпение се чека новото првенство од Првата женска фудбалска лига. По ждрепката, стартот е по осум дена, на 10 септември. Прилепскиот тим Деспина влегува со повисоки амбиции, за место погоре од осмото од пролетоска. Новиот тренер Стевчо Талески го поттикнуваат оптимизмот со петте новодојдени. Покрај голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина, за врска Николина Батиниќ и напад Жељана Максимовиќ од Србија, тука се две битолчанки – Јована Павловска од Атлетико и најновата, Елена Љондевска од Топ гол.

Одиграни се три пријателски меча, со Порече, Тиверија, Саса и Топ гол.

Loading