Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски, в понеделник (22 август) од 20 часот во ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи првата изведба на проектот “Реобмислување2 – филм, музика и поезија”.
Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции.
Реобмислување е уметничко дело и создавање ново, во поинаква форма од оригиналното. Настанот ќе се проследи и во живо преку стрим.