ПРИЛЕПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2022

Од четврток до недела, 25-27 август, на летната сцена од Центарот за култура “Марко Цепенков” ќе се одржи единаесетото издание на фестивалот Прилеп Јазз Њеекенд, организирано од здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ.

-Овојпат се нуди одлична програма со повеќе концерти и перформанси за незаборавно доживување. Ќе се претстават 3ЈЕЦТ (Македонија) и МЕТАФОРМОЗА (Бугарија) во четврток, Гордан Спасовски ТРИО (Македонија) СВЕТЛОСТ+ОДРОН РИТУАЛ ОРЦХЕСТРА (Македонија) во петок, ГргурСавиц&амп;Вортеџ фоур (Хрватска) и ДРАМА ЉУАРТЕТ (Србија) во сабота.

Во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука и во старата чаршија. Во среда, на 24 август во Старата чаршија ќе настапи групата Љубојна, а на 28 август настапуваат Неџт то Силенце – концерт во кафе бар Оникс и “Кој тоа чука на Врбјанска Чука?” – музички перформанс на перкусионистот Гоце Наумов кој ќе се одржи на археолошкот локалитет Врбјанска Чука.

-Прилеп џез викенд десет години е домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена. Позициониран е како значајна музичка манифестација, не само во Македонија, туку и во регионот. Сите кои настапиле на сцената, оставаа белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз публиката – вели Снежана Ристески, од ПП Џез фестивал.

Loading