ПОЗИТИВНА АТМОСФЕРА ВО ПРИЛЕП

Ракомет

Шеснаесет дена веќе траат подготовките на ракометниот машки суперлигаш Прилеп. Тренинзите се на повеќе места низ градов, на отворено и затворено, а под инструкции на новиот тренер Реваз Чантурија. Иако шестмина заминаа, има оптимизам, особено откако дојде првото засилување, пивотот Пеце Ѓорѓиески од Струга. Важно е што остануваат левото крило Христи Бикоски, бековите Марио Гичев, Давор Шокоски и Мириани Гавашелишвили, како и другите помлади ракометари.

До турнирот ,,Миле Нешкоски,, од 26 – 28 август, ќе има неколку пријателски натпревари на Прилеп.

Loading