НОВИ ТРЕНЕРИ ВО МЕГА БАСКЕТ

Кошарка

Кошаркарскиот клуб Мега баскет, а и неговите претходници од Прилеп, со децении беа поврзани со искусниот тренер Сашо Костоски. Тој планираше помладите да го наследат. Така, веќе летово ќе има назначување нови тренери во екипите (сениорската, до 16 и до 18 години). Всушност, таму има тренер што од порано работи, Златко Ристески, а сега се овозможува простор за приклучување на други. Новите се очекува да бидат од групата досегашни кошаркари, кои би можеле да бидат и натаму во улога на играчи.

– Веќе 30 години сум тренер. Дојде време младите да настапат со свои идеи. Не се откажувам од кошарката и не заминувам од клубот. Сакам да бидам како координатор на сите екипи, да помагам  – вели Костоски.

Тренинзите на Мега баскет стартуваат на 25 август.

Loading