ДОЖДОВНИЦА ЗА ОВОШКИТЕ

Иновативност на учениците од СОУ Орде Чопела

Тимот од СОУ Орде Чопела со својот предлог проект „Систем за собирање на дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник” беше прогласен за еден од петте победници и доби 120 000 денари за решение за проблемот со недостиг на вода.

Учениците од СОУ „Орде Чопела” Џанер Фејзоски, Тамара Ковилоска, Сара Рајчиноска, Филип Гически и Андреа Гагалеска под раководство на професорот Ѓорѓија Гагалески во Струга учествуваа на работилница – натпревар за финасирање на социјални иновации, базирани на решенија за климатските промени и заштитата на животната средина.

На работилницата учествувале 10 средношколски тима од државата кои со помош на своите ментори ги развиваа своите решенија и ги презентираа пред стручно жири.

Училиштето поседува овоштарник за практична настава кој е запуштен поради недостиг на систем за наводнување. Идејата на учениците беше да се собира и искористува дождовницата за наводнување  на училишниот овоштарник со помош на систем „капка по капка”, а плодовите од овоштарникот да се искористат во училишната лабораторија и пекарница.

Loading