ЖАЛФИЈАТА И ЦИМЕТОТ СЕ ПОСИЛНИ ОД АПЧИЊА

Хипократ одамна го поставил прашањето: ,,Зошто да умре човек во чија градина расте жалфијата,,?

Пред да се побара лекарска помош за некои здравствени проблеми, подобро е да се пробаат рецепти од народната медицина, користени со векови.

Жалфијата е особено корисна за грлото, инфекции на дишните патишта, како и инфекции во устата. Исцелителна е за желудечни инфекции и проблеми со цревата. Помага за пад на температурата, треска и болки во телото кои се симптоми на грип и настинка.

Се верува дека жалфијата е клуч за долг живот со антибактериските, антифунгалните и антивирусните својства. А циметот ги убива повеќето бактерии, па и отпорните на антибиотици. Помага и против ешерихија коли. Со една лажичка цимет, се убиваат 99,5 отсто од бактериите за три дена на собна температура.

Околу 250 гр лист од жалфија се потопува во 1,5 литар ракија, лозова. Се остава три недели, се цеди и се меша со 1,5  кг. мед од багрем. Се цеди во стаклено шише и оставете да отстои уште три седмици. Повремено се протресува, а потоа се консумира секој ден по една лажица до ракиена чаша.

Во 100 мл. 70 отстотен медицински алкохол се става 20 гр иситнети листови од жалфија. Се остава на топло место еден месец.  Се цеди и се преточува во шишенце. По 10-15 капки од тинктурата се ставаат во малку вода, сок или чај, трипати дневно. Забрането е за бремени и деца.

Се топат две лажици шеќер како карамел, па се преливаат со половина литар млеко. Кога ќе зоврие, се тргна од огнот и се додава лажичка иситнета жалфија и половина лажичка цимет. Течноста стои 10-тина минути, па се цеди. Се пие трипати дневно.

Loading