ПРИМИТИВЕН ФУДБАЛСКИ СТАДИОН

Прилеп со поглед кон Марковите кули. Фотографиран од улицата “Мирче Ацев” кај стадионот.

Од едната страна залегнале стативи од неограднио градски стадион, кој бил на земја, а не ливада, на која се поставени реквизитите за фудбал. Бил едноставен, примитивен, како игралиштата по селата. Тоа не им пречи на загреаните прилепчани, оттогаш да милуваат да играат и следат фудбал. Фудбалот отсекогаш е на прво место, а публиката е 13-от  играч.  Секогаш да бодри, да навива со стоење, зашто немало седишта да се потседне. А фудбалерите на Гоце Делев, како што се викал фудбалскиот клуб, биле со крвави колена, ако некој од противничкиот табор, стартувал погрубо. Но, во страста, нема грубости, главна е мајсторијата, дарбата, на фудбалерите. Не се знае каква била топката. Некои велат дека не била од кожа.

Се гледа  богатата архитектура на градските куќи, и на главната улица “Мирче Ацев” која била со калдрма.

Loading