ПОЧНА ПРОЕКТОТ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Младинци

Младинската екипа на Победа е шампион на Македонија па совреме почнаа активностите во врска со учеството во Младинската лига на шампините од УЕФА. Одбраните 24 млади фудбалери се на осумдневни подготовки во Бечеј, Србија. Работат според инструкции на тренерите Филип Мирчески и Жарко Димески. Планирани се и три пријателски меча, со Спартак Суботица, Војводина Нови Сад и Чукарички Белград. Ждрепката е во август, дуелите во септември.

За натпреврот што ќе го игра дома, Победа пријавила два терена – во Прилеп и во Скопје, па од УЕФА зависи каде ќе се игра тој меч.

Loading