ЕКСПАНЗИЈА – ПРИЛЕП ИМА ШАХИСТИ ЗА ЧЕТИРИ ТИМА!

Шах

Ништо не е случајно, така и во шахот. Од година, оваа древна игра, доживува експанзија во Прилеп. Додекасите други спортови се мачат да се одржат, шахот е во развој. Показатели има повеќе: пласманите до третото место на првенствата од Првата машка лига, учеството и заземањето на 14. место на Европскиот клупски куп, доведувањето на звучни засилувања како светската ѕвезда Индиецот Домарају Гукеш, формирањето на женски тим, работата со младите категирии, организацијата на турнири по неколкупати месечно…

Најново е оформувањето на дури четири екипи. Две од нив од вчера до недела во Охрид се вклучени во првенството од Втората машка шаховска лига. За ЖШК Прилеп се пријавени: Зоран Конески, Марко Стојановски, Мартин Николовски, Давид Манески, Гошо Галески, Симон Пазевски, Исмаил Ахмеди, Ѓорѓи Проданоски, Петар Петрески и Стефан Присаѓанец. Целта на тимот е пласман барем до 8. место за сигурен опстанок. Вториот тим ШК Пелагон е со засилувања од Србија – ИМ Драшко Бошковиќ, ИМ Младен Миленковиќ, ИМ Горан Арсовиќ, потоа Горан Готовуша, Дејан Ѓорѓиески, Марјан Дамчески, Звонко Хаџи-Попоски, Методија Томески, Александар Котески и Михаил Маркушески. Амбиција е прво или второ место за влез во Првата лига. Конкуренти се Шкупи, Центар, Карпош од Скопје, 4 Ноември од Битола, Теута од Куманово, Струга, Ласкер од Охрид, Шкендија од Тетово, Шах шех од Битола, Цареви Кули од Струмица и Шах мат од Гостивар,

Иако најквалитетаната Прва машка лига е дури во октомври во Струга, уште отсега се знаат амбициите на ШК Прилеп. Целта е од третото да има искачување до второто место, приближување до шампионот Алкалоид. Веќе се работи на оформување на тимот. Најзначајно е доведувањето на ИМ Дејан Стојановски. Тука се досегашните прилепски шахисти: ИМ Тони Кироски, ФМ Славе Трајкоски, Кире Николоски. Планирани се тројца странци, од кои двајца се познати – Србите ВМ Бобан Богосављевиќ и ВМ Мирослав Миљковиќ. Третиот странец се уште се одбира дали да биде од Блаканот или од некогашниот СССР.

Првата женска лига е местото каде ќе учествува четвртиот прилепски  шаховски тим, во чиј состав, покрај домашната Викторија Велеска се Србинките ВМ Ана Бендерац и ИМ Маја Величковски, како и Полјачката Јустина Дутка.

Три школи

Клубот успешно работи со две шаховски школи, чии тренери се Јустина Дутка со почетниците, ВМ Звонко Станојоски со другите. Во план е и трета школа, за сениори.

– Идејата е да им се овозможи учење и на возрасните. Меќу нив има многумина кои долго време играат, а имаат желба уште повеќе да научат – вели ИМ Тони Кироски, клупскиот претседател. 

За септември се најавени две шаховски лиги – една за училиштата, друга за работните организаации.

Loading