АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Во нешто и ние сме први во светот. Сами на себе си подметнуваме тројански коњи.

X

Брзопотезни партии се играат во шахот, но не и во политиката.

X

Не радувај се на секој добиен пакет, ако претходно не му ја знаеш содржината.

X

Парите не е битно какви се, но не смее да бидат најмногу во валкани раце.

X

Неспособен бумбар се закачува само за еден цвет.

X

Не третираат како бројки, а не знаат дека бројките се бесконечни.

X

Површните се повеќе ја заземаат површината на општеството.

“Д-р Хаџи-Васков “

Loading