СЕИШИН УСПЕШЕН ВО ДВА СПОРТА

Самбо

Џудо и самбо се слични борачки вештини. Затоа постојат два клуба со име Сеишин – џудо и самбо. Познати се успесите на џудистите, но еве добри настапи имаат и тие во самбо. На Балканското првенство во Софија, четворица македонски репрезентативци беа од прилепскиот клуб. Две сестри освоија бронзени медали, Теона Настоска до 41 кг., Теа Настоска до 44 кг.

Има разлики во двата спорта: во едниот се дозволени некои зафати кои во другиот не се, џудото е борба на татами, самбото на тепих, самбо-борачите се во дрес и шорцови, џудистите во кимоно, џудото е олимписки спорт, самбото уште не.

Loading