Сенките на Балканот може да се оттргнат само со залагање на сите негови жители.
X
При грешењето кој прв ќе си признае – победува.
X
Нема мудрост без љубопитност.
X
Наследниците на оние што ги ослепувале војниците на Самуил зарем сеуште веруваат дека и денес сме ослепени?!
X
Сите сме луѓе, ама кој е и човек не се знае!
X
На врвот на јазикот нема место за многу зборови.
X
Се старее онака како се живеело во младоста.
“Д-р Хаџи-Васков”