Колонија Дрен 2022
Заврши 14-тото издание на ликовната колонија Дрен 2022. Точно 22 уметници, сликари и скулптори од земјава и од странство, твореа, се дружеа и создадоа 30 -тина слики и седум скулптури.
Уметниците велат дека Прилеп е инспиративен град, дека одлично се дружеле, твореле и размениле мислења за уметноста, а домаќинот ЦК “Марко Цепенков” бил одличен организатор.
-Третпат сум тука. Пријатна и креативна беше атмосферата. Ми се допаѓа градот. Создадов асоцијативни пејзажи со градски мотиви – изјави Мирослав Живковиќ.
-Прилеп е град со душа. Тоа чувство ми се роди можеби заради тоа што првпат сум тука. Ми се “залепи” овој град. Колонијата е одлично организирана – изјави Антовска.
За Росица Лазеска колонијата е можност за дружење, за соработка и размена на мислења.
Изложбата на делата од годинашната колонија, ќе бидат претставени наесен.