РЕКОРДНИ 20 УЧЕСНИЦИ

Шах

Седмиот овогодишен шаховски брзопотезен турнир во Прилеп, од серијата Гран при, беше најмасовен. Учествуваа 20 шахисти со одиграни 19 рунди. Најуспешен се покажа Дејан Ѓорѓиески со 16,5 поени преку 15 победи, три реми и само еден пораз, од седмиот Томица Бржовски. На табелата втор е ИМ Тони Кироски со 16, трет Мартин Николовски со 15,5 поени. На Гран при турнирите трипати досега победи Ѓорѓиески, двапати Кире Николоски, по еднаш Кироски и Николовски.

Следниот турнир од оваа серија е во август.

Loading