ПРАЗНИЧЕН ЗДИВ НА КОВАЧИТЕ           

Градското занаетчиство отсекогаш било развиено. Имало надалеку познати еснафи. Чаршијата буеле од различни занаети. Ризница. За занаетчиски услуги доаѓале муштерии и од селата битолски, крушевски или од Порече. Секој еснаф имал ден. Уште постои обичај, ден, што се слави за почит на наследството од минатото. Занаетчиите го одбележуваат својот празник со литургија в црква. Го избираат идниот, домаќин, носител на еснафскиот ден. Во манастирот Трескавец, дел од еснафите донирале пари и работна рака, материјали и создавале свои одаи за престој. Занаетчиите биле иницијатори и дарители на средства за градба на православни храмови.

Фотографијава е создадена во 1938 година на празникот на ковачите, Свети Атанас, пред црквата Св. Благовештение. Еснафот бил многуброен, а денес занаетот е исчезнат, оти е мачен, иако бил мошне ценет. Изработените предмети, алати и делови, се оформувале со ковање и врело железо, греено на јаглен, разгоруван со рачна пумпа, меф.          

Неодамна го славеа својот ден берберите, фризерите и другите некогашни и сегашни занаетчии.

Loading