ФРАНЦИЈА МУ Е ОМИЛЕНА НА ПЕТРЕСКИ

Ракомет

Светот е мал за најдобрите спортисти и тренери. Така и за Томче Петрески. Некогаш како ракометен играч играше за Тутунски Прилеп, Пелистер (Македонија), Пролетер Зрењанин (Србија), Болоња (Италија), Данкерк и ПСЖ (Франција). Како тренер ги менуваше клубовите Прилеп, Младост, Тиквеш, Пелистер (Македонија), па во Франција, Мароко, Бахреин, Косово и еве го сега пак во Франција. Оваа земја, очигледно, му е најомилена. Потпиша за машкиот ракометен клуб Ла Кро.

Петрески во Прилеп беше тренер од 2015 до 2017 година.

Loading