ДЕЛА ОД МИРОСЛАВ ЖИВКОВИЌ

Во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” отворена е изложба на дела од српскиот уметник Мирослав Живковиќ, кој се претставува со 27 дела на хартија во комбинирана техника, со апликации. Делата се врзани со просторот и пејзажот во асоцијативна смисла. Ова е прва самостојна изложба на Мирослав Живковиќ во Прилеп.

– Пејзажот е неисцрпен извор на инспирација и тоа се мои имагинарни дела – вели Живковиќ.

Живковиќ од Ниш имал над 70 изложби. Учествувал на повеќе од 300 групни во Србија и во странство. Бил дел од 80 колонии и симпозиуми. Наградуван е многупати. Професор е по сликање и цртање на Факултетот за уметност во Ниш.

Loading