АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Клоцата некогаш е единственото средство некој да се истера во аут.

x

Задоцни во публика, а го пуштија на сцена.

x

Кој е сојузник со времето никогаш не е губитник.

x

При многу проблеми обично има малку решенија.

x

Општество кое не умее да се реформира треба да очекува да атрофира.

x

Замрачените умови ги засенуваат нормалните.

x

Не внесоа во бркотница, ама не ни дозволуваат ниту да мрднеме.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading