ИЗВОРНИОТ МЕЛОС ПОВТОРНО СЕ РАЗЛЕВА

48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”

По двегодишни модифицирани изданија поради пандемијата, ќе одекнуваат гајдите, зурлите, кавалите, тапаните, ќе се разлеат изворните песни во Прилеп и на Рудина кај Долнени.

Богата програма, многу учесници, гости од соседна Србија, семинар на народни инструменти и песни, симпозиум, содржи 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”. Вечерва во Прилеп и утре на Рудина кај Долнени околу 300 изведувачи од цела Македонија ќе се претстават со изворниот мелос. Ќе бидат прогласени најдобрите, а на најдобриот гајдаџија ќе му биде доделена „Гајдата на Пеце” што ја обезбедува општина Долнени.

Во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков” се одржа Симпозиумот и беше промовирано најновото издание на зборникот на трудови „Фолклорот во минатото и денес”.

Се одржа и семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Учествуваа 10-тина изучувачи на кои им предаваат еминентни етномузиколози.

Loading