РАСПАШАНИ КОМАРЦИ

Здодевните комарци и иритирачкото чешање од нивните каснувања се честа појава лете. Со топлите денови, почнаа и маките на прилепчани. Ниту, се јаде, ниту се пие и спие кога зујат здодевните инсекти. Не помага  ниту јамболија преку глава. Како природен начин за намалување на ризикот, совет е на балконите и во дворовите да се засаде некоја ароматична билка како  лаванда, џунџуле, рузмарин, босилек за заштита.

Практично средство за заштита од комарци, надвор од домот, во едно кафуле стана и неделникот Зенит. За да не ги касаат комарците, гостите в раце го земаат весникот и мавтаат. Бесплатна реклама за единствениот печатен медиум кој постои 15 години. Не помага ниту весникот, туку сопствениците на кафетеријата ставиле спирала со вештачки отров што гори и чади за да ги спастрат аздисаните роеви на комарците, а гостите да пијат кафе раат.

Покрај тоа што иритираат, комарците се инсекти кои пренесуваат инфекции.

Порано се спроведуваше превентивна систематска дезинсекција на  целата општина, на урбаните заедници, периферијата и на селата. Најчесто се спроведува ноќе, во неколку фази теристичката (од земја) дезинсекција за уништување на комарците.

Комарците станаа имуни и распашани. Немаат уплав од локланата  власт.

Loading